International | Slovenija | Россия | България | Северна Македонија

Топ совети за одлични комуникациски вештини кај деца

Никогаш не треба да се потценува моќта на комуникација, особено во рамките на едно семејство. Добрата комуникација помеѓу луѓето кои живеат заедно може да го направи животот толку поедноставен. Помалку расправии, помалку недоразбирања и побрзи решенија. Секој родител го сака тоа!

Споделуваме со вас дел од најпопуларните активности што можат да го претворат развојот на овие вештини во пријатно дружење со семејството. Децата нема ни да сфатат дека градат витални животни вештини додека ги играат овие игри!

1. Чекање ред – класика. Честопати се користи во училиштата за да се осигури дека секој – дури и оној со помала доверба – има шанса да зборува и има шанса да слуша без прекини. Изберете предмет за „зборување“, ова може да биде дури и едноставна топка. Само личноста која ја држи топката, има право да зборува. Другите мораат внимателно да слушаат! Можеби, потоа, секој ќе може да постави по едно прашање, само за да се покаже дека сите слушаат и го разбираат она што е речено.

2. Презентирање преку забава – презентациите неизбежно ќе бидат дел од животот на вашите деца и колку порано почнат да се чувствуваат пријатно со јавното говорење, толку животот ќе им биде поедноставен. Ова може да се претвори во забавна активност, од играње на кратки претстави, пеење песни, кажување стихотворби или едноставно раскажување за нивното омилено ТВ-шоу или за омилените играчки пред семејството.

3. Асоцијација! – Оваа игра ги охрабрува децата да го користат својот вокабулар за да му помогнат на некој друг да разбере што гледаат без никаква визуелна помош. Можете да ја играте во два тима. Еден член од тимот, ќе одбере слика и треба да им ја опише на останатите од тимот без директно да го именува предметот или сцената, така што неговиот тим може да ја пресоздаде што е можно попрецизно и да го погоди името (на пр. кога на сликата би имало нилски коњ, личноста може да го опише како големо, сиво животно кое сака вода, има огромна уста и кратки нозе). Оваа непроценлива игра им помага на децата на јасен начин да им пренесат на другите како тие ја доживуваат сликата, без да се фрустрираат кога не се разбрани

4. Расипан телефон! – седнете сите заедно во круг и еден од играчите треба да смисли кратка, едноставна реченица и тивко да му ја шепне на играчот што седи до него. Секој кој доаѓа на ред, го пренесува слушнатото со шепотење понатаму. Смее да се шепне само еднаш, затоа треба внимателно да се слуша! Штом се сврти кругот и се стигне до последниот играч, тој треба гласно да го изговори тоа што го слушнал и се споредува изговореното со почетната верзија – смеата е загарантирана!

5. Дебата! – Одличен начин да ги натерате децата да размислуваат брзо, да се вклучат во здрава дебата и да ги гледаат работите од различни перспективи. Подгответе повеќе теми, запишете ги на лист и ставете ги во сад. Изберете една тема по случаен избор и оставете ги децата да започнат да дебатираат за и против темата. Дури и ако тие не се согласуваат, треба да дадат се од себе за да го одбранат своето гледиште, а потоа ќе имаат шанса да ја испробаат и другата страна. Одберете некој, можеби вие, кој ќе биде „судија“ и ќе го избере најубедливиот аргумент. Секако, за најдобриот следува мал подарок.

Ние правиме да биде поедноставно. Вие правите да биде совршено.

Со новите HomeMade шпорети од Gorenje, готвењето станува неодоливо едноставно. Подгответе ја својата омилена храна, исто како во традиционалната фурна на дрва или импресионирајте го вашето семејство со голем број вкусни кулинарски доживувања. Проверете ги нашите паметни и практични решенија, на кои можете да се потпрете и само да додадете магичен допир за вкусно приготвена храна.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате