Прославете го Светскиот ден на храната со апаратите на Gorenje

Среќно семејство готви заедно во кујна.

16 октомври не е како и секој друг ден – тоа е Светски ден на храната! И покрај прогласувањето на еден ваков празник, не станува збор за тоа тој да се доживее како ден кога се посветувате на предизвикот колку колачиња би можеле да изедете при едно седнување во гостилница или слаткарница (иако и ова не би било помалку забавен начин на негово прославување). Наместо тоа, со овој празник се истакнуваат темите какви што се: безбедноста на храната, борбата против гладот и јадењето како еколошко прашање од значење за нашата планета. Со мали промени, сите можеме да заштедиме пари, да го намалиме отпадот и да направиме зелени избори за подобра иднина. И, се разбира, вашето Gorenje ви го чува грбот со некои тактични совети и со врвни кујнски алатки кои ви го олеснуваат живеењето преку позелен и поеколошки начин на живот.

Комбинирани фрижидери со AdaptTech технологија

Многу модели на Gorenje, како NoFrost Plus моделите, имаат AdaptTech технологија, систем развиен за одржување константна температура во фрижидерот без разлика колку често ја отворате вратата. Станува збор за способноста на вашиот фрижидер да ги следи вашите шеми на користење и да ја приспособи својата температура за да спречи какво било нејзино зголемување, па затоа тој обезбедува свежата храна да остане посвежа, намалувајќи ја можноста за фрлање на храната и зголемувањето на трошокот на вашите сметки за набавување на потребните намирници.

Меѓутоа, понекогаш, и покрај сите „добри намери“ на вашиот фрижидер, едноставно не наоѓате време за готвење сè додека храната „свежа како од градина“ веќе не ја изгубила својата свежест. Но, пред да фрлите каков било вид храна, има нешто многу важно што може да направите: пренаменете ја. Онаа количина од врвовите на зеленчукот, лушпите и свенатото зеленило, што обично ја фрлате, може да претставува вашиот билет за подготовка на вкусни домашни чорби или резервни порции. Тоа не само што ја максимира употребата на вашите производи туку во јадењата внесува и длабочина на вкусот што чорбите купени во продавница често не можат да го достигнат.

И да не заборавиме на нашиот пријател богат со јаглени хидрати, лебот. Ако откриете дека вашиот леб полека се стврднува, не брзајте да го отфрлите неговиот потенцијал. Бајатиот леб може да се трансформира во крцкава презла или крцкави крукчиња.Тие може да додадат прекрасна текстура на салатите, супите и тестенините. Дополнително, тоа претставува едноставен начин да се осигурате дека ништо не се фрла и дека кон секој залак се однесуваме со почит.

Комбинирани фрижидери со NoFrost Plus технологија

Комбинираните фрижидери од Gorenje, како и GardenFresh моделите, располагаат и со NoFrost Plus технологија, позната како најдобриот системи за ладење на пазарот. Оваа технологија е вградена во одделот за замрзнување и нејзината супермоќ е да спречи таложење мраз и лед. Ова примарно ја одржува потрошувачката на енергија на ниско ниво (урааа! за вашиот паричник), не е неопходно одмрзнување и чистење на внатрешноста (урааа! за вашето слободно време) и гарантира дека пакувањата или парчињата замрзната храна нема да се лепат едно до друго (урааа! за собирање помала количина на отпадоци од храна).

Совет за максимирање NoFrost Plus технологија: Чувајте ги предметите уредно и користете садови за да ја чувате храната одделно. Ова не само што ја одржува ефикасноста на NoFrost Plus системот туку и го олеснува лоцирањето на она што вам ви треба.

Да го прославиме Светскиот ден на храната со одговорно управување со храната дома, бидејќи ова е значаен дел од решението за глобалните предизвици за безбедност и одржливост на храната. Економичните апарати на Gorenje не само што го прават вашиот живот поудобен туку помагаат и да ги следите еколошките навики за храна што секој од нас може да ги усвои. Затоа, инвестицијата во апаратите на Gorenje е инвестиција кон поодржлива иднина.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате