Please ensure Javascript is enabled for purposes of website accessibility
International | Slovenija | Österreich | България | Северна Македонија

Повторно враќање на ритамот по летното уживање

A young family of four enjoying a cheerful meal together at a round kitchen table in a bright, modern home. The parents and two children are smiling and chatting, surrounded by warm wooden tones and soft natural light.

Летото носи многу ослободеност во секојдневното живеење – времето за спиење се одложува, оброците стануваат понеформални, а плановите често се вртат околу сонцето и излегувањата во последен момент. За семејствата, тоа е годишно време на слободата, без разлика дали тоа значи жонглирање по одмори со бабите и дедовците, поминување поголем дел од денот надвор со децата или едноставно уживање во заедничките утра што се раѓаат со побавен ритам. Но, како што доаѓа септември и се појавуваат училишните чанти, почнува враќањето во секојдневниот живот. Сепак, тоа не мора да биде нагло или со преоптовареност. Ова време од годината може да биде шанса нежно да ги поставите работите, да пронајдете ритам што функционира и да внесете малку повеќе леснотија во неделите што следуваат.

Почнете на кратки патеки и одржувајте едноставна рутина

По повеќе недели олабавеност во рутината, обидот за директно влегување во преполниот распоред може да ви изгледа преголем предизвик, па затоа е подобро да почнете со исполнување на обврските на кратки патеки. Може да помогне тоа што ќе почнете со само една-две работи што ќе направат денот да тече помазно – како што се поставување на облеката за следниот ден во текот на претходната вечер, вечерање приближно во исто време секоја вечер или малку подобро испланирани утра. За децата, дури и малите промени, како повторното воведување на навиката за читање приказна пред спиење или повторното поставување на будилникот, може да помогнат во воспоставување на рутината без спротивставување. Почнете со она што ви се чини дека може да се управува, а не со она што ви изгледа идеално. Рутината не е наменета да поправи сè одеднаш – таа е тука за да го намали притисокот. Ако утрата се најтешкиот дел од денот, почнете оттаму. Ако ви се чини дека вечерите ви се хаотични, фокусирајте се на поставување на времето порано во денот за да се постигне релаксирање. Малку по малку, овие мали промени почнуваат да се собираат и пред да се освестите, денот повторно ќе добие форма.

Дозволете му на годишното време да го определи темпото

Со постудените утра и со пораното почнување на вечерните часови, септември природно го забавува секојдневниот живот. Повеќе време се поминува во затворен простор, се насетува потивко поминување на викендите, а домот повторно го добива своето место во стремежот кон поголема удобност во начинот на живеењето. Наместо да се обидувате да создадете рутина целосно и одеднаш, обидете се постепено да ѝ се препуштите на навиката користејќи ги патоказите на годишното време. Дозволете им на пораните квечерини и на пораното настапување на темнината да сигнализираат дека треба порано да се планира и времето за спиење, користете ја удобноста на домот за да ги репрограмирате часовите за земање на оброците или ограничувањата за консумирање на содржините од екраните и прифатете ја промената на времето како поттик за да пронајдете постабилен ритам. Нема потреба да брзате ‒ дозволете годишното време да заврши дел од работата за вас.

Држете се до леснотијата на летото

Враќањето на рутините не значи дека треба да се откажете од леснотијата што настапи со доаѓањето на летото. Побавните утра, релаксираноста при оброците, спонтаните планови ‒ овие навики не мора целосно да исчезнат. Зачувајте една или две мали работи што создаваа добро расположение во ова годишно време, како што се вечерните прошетки, викенд-појадоците што траат малку подолго или согласноста за излегувањата во последен момент според можностите. Овие мали парчиња леснотија може да ја омекнат структурата на неделите што претстојат и да ви помогнат вашата рутина да се чувствува како нешто што ве поддржува, а не како нешто што ве контролира.

Септември може да биде мек почеток ‒ шанса повторно да се стабилизирате и да откриете што е тоа што ви одговара за успешно поминување на деновите, а не само желба што изгледа добро на хартија. Некои утра сè уште ќе бидат хаотични, некој ќе ги заборави чевлите, а вечерите можеби почесто ќе доцнат отколку што сте испланирале. Тоа е сосема во ред. Она што е важно е пронаоѓање на ритамот што му одговара на вашиот дом, на годишното време и на луѓето во него ‒ дури и ако е потребно малку време за да се стигне дотаму.

Дополнителна свежина, дополнителни витамини: NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Кога станува збор за производството на свежа храна, полна со вкус и богата со хранлива вредност, отсекогаш најдоброто можело да се научи од природата. Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со тоа што го одржуваат процесот на фотосинтеза, го контролираат нивото на влажност и обезбедуваат свеж воздух. Освен тоа, вградните NatureFresh комбинирани фрижидери од Gorenje, имаат високоенергетски рејтинг кој се движи од A+ до A+++, а нивниот модуларен и флексибилниот дизајн осигурува дека тие совршено ќе одговараат на секој животен стил.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате