International | Slovenija | Hrvatska | Россия | Österreich | Северна Македонија | Молдо́ва

Плоча со вграден аспиратор од Gorenje – совршена комбинација на функционалност и естетика

Плоча со вграден аспиратор амбиентална фотографија готвење HET649BSC

Во Gorenje се гордееме со креативните инвентивни 2-во-1 апарати за домаќинство, во кои се комбинираат функционалноста и естетиката. Нашата најнова иновација, плочата со вграден аспиратор, не претставува исклучок. Ние разбираме дека вашата кујна е повеќе од само место за готвење; тоа е срцето што чука во вашиот дом. Затоа ние ја дизајниравме плочата со вграден аспиратор, за таа да претставува моќен отстранувач на миризбата и неверојатна фокусна точка во вашата кујна, усогласувајќи ги формата и функцијата за да ги подобриме амбиентот и ефикасноста на вашето кулинарско светилиште.

Помина времето на компромиси за просторот или за стилот заради приспособување во просторот на масивните аспиратори. Со нашата генијална плочата со вграден аспиратор, повторно осмисливме како да се изборите со непријатните мириси, истовремено додавајќи допир на елеганција на вашиот кулинарски рај. Нашата плочата со вграден аспиратор беспрекорно се интегрира со вашата плоча за готвење, давајќи ви слобода да го оптимизирате распоредот на вашата кујна без да ја жртвувате функционалноста.

Елиминација на миризбата

Вклучете се во револуционерноста на 2-во-1 плочата за готвење со вграден аспиратор на Gorenje. Примарната предност на ова моќно кујнско чудо е да ги собира и ги елиминира чадот, пареата и мирисите, директно од изворот, спречувајќи го нивното ширење низ вашиот дом.

Подобар квалитет на воздухот

Во некои случаи, при готвењето може да се ослободат и честички кои се штетни за вдишување. Ако сте љубители на пржена храна, веројатно знаете и дека маслото загреано на високи температури ослободува емисии на гасови во воздухот во вашата просторија за готвење кои може да бидат штетни за здравјето на вашите дишни патишта. Затоа нашите аспиратори се грижат за вашето здравје благодарение на нивниот ефикасен систем за филтрирање кој ги заробува овие честички.

Заштеда на просторот и оптимизација

Плочата со вграден аспиратор има уште една неверојатна придобивка. Најзиниот дизајн заштедува простор над површината за готвење, ослободувајќи драгоцен простор над плочата за готвење, дозволувајќи ви да го искористите тој простор за дополнителни шкафчиња или дури и да создадете симпатична градина со билки.

Прекрасен дизајн

Кога ја опремувате кујната, исто така треба да се грижите дали сите елементи естетски се совпаѓаат еден со друг. Веќе не треба да се грижите за тоа. Елегантниот и модерен дизајн и интуитивните контроли на плочата со вграден аспиратор претставуваат едно прекрасно дизајнерско парче, лесно за ракување, кое се вклопува во секоја кујна и ѝ дава чист, софистициран изглед.

Лесно за чистење

Маката поврзана со чистењето на мрсната површина на аспираторот и филтерот е веројатно најомразената кујнска обврска на сите времиња. А во Gorenje, одржувањето без напор претставува дефинитивно една од целите при дизајнирањето на новите аспиратори. Нивните аспиратори сега се неверојатно лесни за чистење, што, пак, за возврат нуди долготрајност на перформансите на апаратот и ви дава повеќе време да уживате во работите што ги сакате.

Помала потрошувачка на електрична енергија

Плочата со вграден аспиратор претставува одлично решение доколку сакате да заштедите повеќе електрична енергија, бидејќи таа е неверојатно ефикасна во извршувањето на својата работа без двојно да се зголемува електричната енергијата што и е потребна да работи. Заштедува простор, заштедува трошоци и ги штеди вашата облека и домот од мирисот на вашиот ручек – брилијантно!

Три карактеристики што ја прави нашата плоча со вграден аспиратор уште поисклучителна:

  • OmniFlex плочата со вграден аспиратор како што кажува и нејзиното име, ви дава поголема флексибилност. Флексибилност за готвење и флексибилност за користење на кујнскиот простор за подобро да ви одговара на вашите потреби.
  • Функцијата AreaFlex ги придвижува вашите кулинарски авантури на следното ниво. Зоните за готвење може да се поврзат во поголема површина за готвење за да се приспособи користењето на поголеми тенџериња и тави.
  • Функцијата за автоматско откривање AutoDetect автоматски ја открива позицијата на вашето тенџере, активирајќи го соодветниот простор за готвење, самостојно или поврзано, во зависност од големината на садот. Ова се случува во првите 10 секунди по вклучувањето на плочата со вграден аспиратор или кога било подоцна по рачно активирање на функцијата.
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате