Новите фрижидери на Gorenje – големи димензии, голема заштеда

Gorenje side by side refrigerator in neutral room

Во Gorenje, секој нов апарат го доживуваме како новороденче. Го дочекуваме на свет со гордост и, како и сите родители, сметаме дека новороденчето е едноставно совршено. Новиот side by side фрижидер не се разликува по тоа. Еве неколку големи причини зошто сме вљубени во него, а веруваме дека и вие ќе се вљубите.

NoFrost Plus

Ниту еден нов фрижидер на Gorenje не би бил комплетен без NoFrost Plus функцијата – карактеристика која стана омилена основа на нашите фрижидери. Овој исклучителен систем за ладење, вграден во замрзнувачот, стекна репутација како еден од најдобрите на пазарот, успешно заштитувајќи од таложење на мраз и од создавање ледени наслојки. И да бидеме искрени, тој е господар на играта со повеќекратни придобивки.

Прво, придонесува за одржливост на вашата потрошувачка на енергија и за контрола над тие досадни сметки. Второ, гарантира дека вашите замрзнати продукти нема да бидат меѓусебно залепени, избегнувајќи го оној фрустрирачки куп во вид на сладолед и спасувајќи ве од ’рвењето со замрзнатите производи. И, најдобриот дел? Кажете им збогум на рачното одмрзнување и на досадното чистење на внатрешноста – освен ако, се разбира, не ви се случи некаква мала незгода и нешто не истурите.

Функција MultiFlow 360°

Фрижидерите се како животот – мора да го следите текот. Или повеќекратниот тек (MultiFlow), во овој случај. Оваа функција обезбедува ладниот воздух да циркулира на таков начин што тоа обезбедува константна и рамномерна температура низ апаратот и оптимална температура на секоја полица. Онаа зелена салата што сте заборавиле да ја изедете за ручек, ќе остане посвежа и поздрава подолго време. И да не заборавиме да споменеме дека ова повторно резултира со помала потрошувачка на енергија.

Fridge sidebyside convertactive

ConvertActive

Сите сме го доживеале тоа. Забавата во вашиот дом самошто не почнала и сега, кога целото замрзнато месо е надвор од замрзнувачот, треба некаде да ги ладите пивата и виното. Иновативната функција ConvertActive на фрижидерите од линијата SBS D550 е тука за да го спаси денот (и пијалаците). Едноставно, го притискате копчето на екранот 5 секунди, ја поставувате температурата и го претворате неговиот дел за замрзнување во дел за ладилник за да имате повеќе простор. За оние од вас кои се импресионираат со броеви – ова значи повеќе од 547 литри простор за складирање со можност за пренамена. Се надеваме дека ќе имате кул забава!

Инвертерски компресор

Во споредба со конвенционалните компресори кои се вградени во фрижидерите, инвертерските компресори се потивки, поиздржливи и трошат помалку енергија. Тие подобро и побрзо се приспособуваат на температурните промени во фрижидерот, на пример, при отворање на вратата, што значи појава на помали температурни флуктуации и подобри услови за складирање на вашата храна.

Фрижидерот SBS D550, исто така, се гордее што има:

  • интегриран TwistIce за освежување со мраз секогаш кога тоа ви е потребно;
  • функција за брзо замрзнување (FastFreeze) која подолго време ги задржува витамините и хранливите материи во свежата храна и
  • ЛЕД-осветлување што трае 30-пати подолго од обичното осветлување и троши до 10-пати помалку енергија.

Зборувајќи за заштедување, не можеме да не го споменеме економичниот режим на работа EcoMode кој гарантира дека фрижидерот може да работи во режим за штедење енергија и режимот за одмор (HolidayMode) кој ја сведува потрошувачката на електричната енергија на минимум кога фрижидерот не се користи подолго време. На пример, кога патувате со ранци на грбот низ Индија или кога сурфате во Фуертевентура.

AПа дури и ова и не се сите карактеристики со кои се карактеризира нашето новороденче „родено“ во Европа. Но, карактеристиките на апаратите се уште помагични кога се доживуваат во живо, затоа ве покануваме лично да се запознаете со нашиот нов член на семејството. Посетете ги нашите продавници или дознајте повеќе за нив преку нашата веб-страница овде.

#Instalove

Side by side комбинираните фрижидери се крајниот избор за секој кој сака удобен и ефикасен начин за да ја зачува свежината на својата храна. Комбинирајќи го модерниот дизајн со моќната технологија и пространата внатрешност, овие апарати нудат лесно достапно и добро организирано складирање на сите ваши намирници. Не е ни чудо што веднаш ќе се вљубите во нив.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате