Hisense Europe се искачи меѓу првите 11% глобални компании според оценувањето на EcoVadis за исклучителни практики на одржливост

Eco Vadis badge

Велење, Словенија – Hisense Europe, производителот на апарати за домаќинство под брендовите Hisense и Gorenje, со гордост објавува дека ја доби престижната награда EcoVadis Silver за 2024 година. Ова признание, кое првпат беше доделено минатата година, ја потврдува посветеноста на оваа компанија на одржливоста и служи како охрабрување на патот кон уште поодговорни деловни практики. Компанијата значително го подобри своето рангирање во споредба со минатата година и се пласираше меѓу првите 11% компании на глобално ниво, оценети од EcoVadis оваа година.

EcoVadis претставува глобално призната алатка за компании кои сакаат да ги подобрат своите практики за одржливост, да ги зголемат нивната транспарентност и кредибилитетот на пазарот и да поттикнат позитивни промени во глобалните синџири на снабдување. Компаниите се оценуваат преку сеопфатен и методолошки дефиниран процес, кој вклучува анализа на политики, акции и извештаи за управување со животната средина, етиката, одржливите практики за набавки и на работните и човековите права во компаниите и низ синџирот на снабдување.

Сертифицираните производствени локации на Hisense Europe во Европа, каде што се произведуваат апарати од брендовите Hisense и Gorenje, значително го подобрија своето рангирање во рамките на EcoVadis оваа година, освојувајќи вкупно 68 поени и сместувајќи ја компанијата меѓу првите 11% оценувани компании.

Подобрувањето е очигледно со зголемувањето на вкупната оценка за 6 поени, во споредба со оценката од минатата година, при што компанијата постигна значителен напредок во областа на управувањето со животната средина (бележи скок за 20 поени) и на трудот и човековите права низ синџирот на снабдување (бележи скок за 10 поени).

Стратешки чекори и подобрувања во клучните области

Во областа на одговорноста за животната средина, Hisense Europe направи значителни чекори со интегрирање на одржливи практики во срцевината на своето работење. Постигнувањето на ISO 14001 (Меѓународен стандард за системи за управување со животната средина) и на уште построгиот EMAS, и спроведувањето на сертификатот ISO 50001 за ефикасно користење на енергијата, ја демонстрира посветеноста на компанијата за намалување на влијанието врз животната средина и за зголемување на ефикасноста на ресурсите. Потребите од електрична енергија на компанијата во производството ќе бидат покриени и со планирана соларна централа, која ќе биде основана до крајот на оваа година.

Во областа на трудот и човековите права, Hisense Europe ги ажурираше своите трудбенички политики за да поддржи пофлексибилна и фер работна средина. Проактивните мерки на компанијата за борба против детскиот труд и трговијата со луѓе ја нагласуваат нејзината посветеност на одржувањето на човековото достоинство и на обезбедувањето безбедни работни услови. За овие мерки, компанијата го доби сертификатот ISO 45001, кој има цел да воспостави систем за управување со безбедноста и со здравјето, да го намали ризикот на работното место и да создаде подобри и побезбедни работни услови. Компанијата, исто така, презема мерки за унапредувањето на вработувањето на лицата со попреченост и за поттикнување на нивната активност во процесот на прием на нови вработени.

Извештајот на EcoVadis по добивањето на наградата, исто така, потврдува дека Hisense Europe се стреми да имплементира високи стандарди на етика, интегритет и транспарентност во своето работење. Минатата година, компанијата воспостави политика за укажувачи, го ажурираше својот кодекс на однесување и се фокусираше на зајакнувањето на образовните програми во врска со етичките прашања. Ова ја одразува решеноста на компанијата да работи етички во сите области на своето работење.

И покрај тоа што, оваа година во однос на минатата година, поради построгите критериуми во сегментот на одржливи набавки, компанијата доби незначително помалку поени, Hisense Europe ја нагласува својата посветеност на подобрувањето на процесите за набавки. Таа почна да ги едуцира своите добавувачи во врска со еколошката и социјалната одржливост, воспоставувајќи одржлива политика за набавки, и посветува поголемо внимание на одговорното снабдување со суровини или со минерали, потребни за производство на апаратите.

Посветеност на извонредноста и на одржливоста

Како што наведуваат од Hisense Europe, EcoVadis признанието претставува потврда за континуираните напори и за посветеноста на компанијата на одговорни деловни практики. Во текот на минатата година, таа веќе презеде чекори за воспоставување одржливо известување според новото законодавство на ЕУ, разви двојна матрица на материјалност и си постави амбициозни цели за исполнување во иднина.

Меѓу другото, таа работи на намалување на потрошувачката на енергија преку барање можности во областа на обновливите извори на енергија, зголемувањето на употребата на рециклирани материјали за создавање на производите, намалувањето на отпадот, промовирањето одржлив транспорт и на воспоставувањето поодржливи синџири на снабдување. Таа, исто така, има цел да користи 100% рециклирана амбалажа за своите производи и да рециклира 96% од отпадот создаден во текот на производството до крајот на оваа година.

За EcoVadis

EcoVadis е водечки опслужувач за давање на оценки и процени за одржливост на работењето, оценувајќи ги перформансите на компаниите во области какви што се: животната средина, трудот и човековите права, етиката и одржливите набавки. Процесот на сертификација од страна на EcoVadis вклучува длабинска процена на политиките, практиките и на перформансите на компанијата, која потоа се бодува и се рангира според соучесниците во индустријата. Процесот на процена е ригорозен и ги оценува компаниите според различни критериуми, вклучувајќи ги управувањето со животната средина, работните практики и етичкото деловно однесување. Компаниите кои се истакнуваат во областа на одржливоста се одликуваат со сребро, злато или со платина, што ја истакнува нивната посветеност на одговорните деловни практики. Рејтингот Ековадис е препознаен како водечки стандард за одржливост во корпоративниот свет, обезбедувајќи им на компаниите драгоцени повратни информации за нивните напори за унапредување на одржливоста и за можностите за нивно целокупно подобрување.

Сподели:

Можеби би сакале да прочитате