Направете повеќе правејќи помалку

365 нови денови

Денот има 24 часа. Но, кога 7 или 8 часа од денот поминувате во спиење, а останатите часови во работа, исполнување на обврските и на домашните работи, времето како да ви се лизга низ прстите како зрнца песок. Модерниот начин на живеење бара да го минувате животот во рамката на распоредот на обврски и рокови, оставајќи малку или воопшто не земајќи предвид одредено време за одмор или за активности што ви овозможуваат радост. Животот според постојано активен режим стана новата нормалност, па може брзо да заглавите во бесконечен циклус на задачи што, следствено, исто така ќе ве направи помалку продуктивни или креативни. Значи, со оглед на тоа што зачекоривте во Новата година, веројатно сте направиле листа на резолуции. Еве три од оние што најчесто се донесуваат
и како Gorenje ќе ви помогне да ги исполните – со тоа што ќе ви даде повеќе време.

Резолуција 1: Јадете на поздрав начин

Не е тајна дека можноста за предвремена подготовка на оброкот за подоцнежна консумација заштедува од трошоците на време, труд и енергија. Но, фрижидерите на Gorenje ја знаат тајната за подолго одржување на однапред приготвената храна. Би можеле приготвената салата во недела да ја јадете во четврток кога работниот состанок трае еден час подолго од очекуваното. Може да поминете повеќе време во природа, со вашето дете, кога денот е сончев, а потоа набрзина приготвите ја вечерата, бидејќи сечканиот зеленчук што го ставивте во фрижидер минатата недела е исто толку свеж како на денот кога сте го купиле. Толку свеж како само што да е искорнат од градината. Фрижидерите на Gorenje со функцијата GardenFresh ја трансформираат фиоката за месо во градина каде што вашето овошје и зеленчук останува посвежо подолго време. Моделот NRK6191ES4 model, на пример, исто така, има CrispZone фиока со ниска температура, дизајнирана да ги задржи хранливите материи подолго време, така што и храна е поздрава. Исто така, има уште една функција што ќе ви помогне да заштедите време (и пари) потрошено(и) во кујната. Се одликува со карактеристиката NoFrost Plus која спречува таложење на мраз и ледени наслојки, што не само што ја намалува потрошувачката на енергија туку, исто така, трошењето време и напорното одмрзнување веќе се минато.

Young couple with small daughter

Резолуција 2: Поминувајте повеќе време со семејството и пријателите

Сите сме виновни за истото „злосторство“. Во декември се обидуваме да наздравиме за Новата година со сите луѓе во нашите животи кои најмногу ги цениме. Но, ова наскоро се претвора во собири кои личат на брзи дружби кои завршуваат со ветување кое обично останува неисполнето: „Наскоро ова треба да го повториме“. Но, штом ќе се дотркала јануари, се враќаме на нашите животи преполни со работни обврски, и пред да сфатиме, уште една година поминува како со око да трепнеш. Затоа, рерните на Gorenje се вистинскиот спас. И заштеда на времето. И спас за пријателствата.

Дружењето може да одзема многу време. Ако ништо друго, организирате состанок во ресторан и губите време додека возите дотаму и барате место за паркирање (да не зборуваме за дотерувањето, кога сè што сакате да носите се удобни спортски панталони и бушава пунџа). Но, сега, сè што треба да направите е да ги поканите пријателите секогаш кога ќе посакате да се дружите со нив, а нашите рерни ќе ви помогнат да приготвите нешто за јадење за неколку минути. Рерната BOS6747A01BG има можност за печење со употреба на функцијата FrozenBake која го изведува токму она што се подразбира и со нејзиното име. Ќе ја приготви сета замрзната храна или претходно подготвените оброци без да трошите време прво да ги одмрзнете. Сите наши рерни од линијата OptiBake, исто така, достигнуваат температура до 200˚C за само 5 минути. Ова заштедува 30% од времето потребно за стандардно претходно загревање и им ја доделува титулата „Една од најбрзите рерни на пазарот“. Може да му го препуштите печењето на Gorenje, додека вие ги дегустирате сите дреболии за сè што се случува во животот на вашите пријатели.

Резолуција 3: Вежбајте повеќе

Ова е тешка резолуција до која треба да се придржувате и нема никаква корист од секакви изговори набргу по одбројувањето за време на новогодишната ноќ. Надвор е премногу студено за трчање. Веќе сум исцрпена од работа. Немам време затоа што имам премногу задолженија за работа. Значи, запрете токму тука. Бидејќи ние не можеме да ја контролираме временската прогноза или да го тргнеме товарот на работните обврски на вашето работно место, но можеме да ви помогнеме со товарот алишта. Некои од нашите модели на машини за перење, каква што е WNEI84AS, има PowerWash 59‘ функција што пере половина наполнета машина за помалку од еден час. Затоа, се надеваме дека оваа можност ќе ве мотивира да се поттикнувате себеси да вежбате. Можеби можеме да ве заинтересираме со малку конкуренција? Кој ќе биде побрз? Вие со вашето вечерно трчање или машината за перење? Една рунда вежбање на клупата со тегови, вежби за трицепсот и број на чучнувања во вежбалница или машината за перење? Вие, учејќи нова асана на вашиот онлајн-час по јога или машината за перење? Играта нека почне!

Главната идеја-водилка зад секоја новогодишна одлука е подобрување, во смисла на подобрување на вашето здравје, на вашите односи, на вашите животи. Да престанете да ги оттурнувате вашите соништа до денот кога ќе имате време. Да почнете да правите повеќе такви работи што придонесуваат да се чувствувате подобро извршувајќи помалку задолженија. Во Gorenje веруваме дека не ви требаат повеќе часови во денот… доколку се одлучите за нашите апарати за домаќинство.

Сподели:

Можеби би сакале да прочитате