International | Slovenija | Россия | България | Северна Македонија | Молдо́ва

Машини за перење и војна меѓу различните типови на детергенти

Не толку одамна, перењето алишта била целодневна активност за жените. Облеката била „згмечена“ или триена со домашен сапун (кога немаше детергенти) над галванизирано парче метална табла наречена „риба“. Во тоа време, дамите немале можност да користат топла вода за подобри резултати во перењето. За да ги исплакнат алиштата, тие морале да одат во близина на коритото наполнето со вода. Ова била навистина „ладна“ задача, особено во зима, кога студот им влегувал во коски. Но, тие сакале да заштедат вода и енергија, а внесувањето голема количина вода во куќата била тешка задача (пред еден век немало цевки во куќите, а водата ја носеле со кофи).

Денес, перењето на алиштата е поедноставно. Повеќето од вас само ја ставете валкана облека во машина за перење, додавате детергент и омекнувач и изберете една од многуте достапни програми за перење. По одредено време алиштата се испрани. Но, дали сте задоволни од резултатите? Дали може да се подобрат? И како?

Војна помеѓу детергентите

Детергентот е како тајна состојка во перењето. Иако стандардниот прашок за перење е оној кој го заменува сапунот, во последните децении течните детергенти за перење се попопуларни. Но, дали тие се навистина подобри? Погодете што – не секогаш. Овие се нивните главни предности и слабости.

Повеќето домаќинства користат течен детергент само затоа што е поедноставен за користење. Кога се перат алишта со течен детергент, се истура мала количина течност во садот на машината за перење и нема потреба да се зема прашок од кесата со детергент. Течниот детергент исто така подобро се меша со водата, за разлика од некои детергенти во прав кои не се раствораат добро при перење со ладна вода. И, мора да признаеме дека хемичарите направиле одлична работа – повеќето течни детергенти содржат етоксилати на алкохол и се многу ефикасни во отстранувањето на мрсни дамки.

Но дали е попаметно да перете со течен детергент? Не е потребно.

Постојат неколку предности од употреба на стандардниот прашок за перење во прав. Прво, поевтино е. И заради неговиот состав (изработен е од линеарен алкилбензен сулфонат) овој вид на прашок за перење подобро ги чисти дамките од надвор. Ако сакате поефикасно да ги отстраните флеките од надвор, како кал, глина или трева, одберете стандарден прашок за перење во прав. Овој прашок има подолг рок на траење.

Не претерувајте!

Повеќето луѓе сакаат да имаат навистина чиста облека, па употребуваат преголема количина на детергент. Но, ова е лошо и за облеката и за машината.

Вреди да се напомене дека производителите на детергенти препорачуваат поголема количина на детергент по миење за што поскоро да купите нов. Но поради вашата желба за чиста облека, вишокот на детергент може да се наталожи во системот за одводнување на машината за перење и да предизвика блокади.

Запомнете: дури и кога вашите алишта се извалкани, миризливи и обоени, со користење повеќе детергент нема да ги исчистите подобро!

Наместо тоа, обидете се да ја намалите дозата на детергентот во следното перење. Можеби ќе бидете пријатно изненадени.

Загрижени сте за непријатниот мирис што се создава во машината за перење при редовна употреба, особено кога се пере на пониска температура? Технологијата на Gorenje, SterilTub, ги елиминира сите бактерии во внатрешноста на машината за перење и гарантира дека вашите алишта секогаш ќе мирисаат свежо.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате