Перење без бактерии гарантирано со Intertek сертификат

Gorenje WaveActive машини за перење

Ајде да зборуваме за една не толку забавна, но многу важна тема поврзана со благосостојбата – бактерии, вируси и габи. Сепак останете со нас! Ќе видите дека некои од нашите машини за перење поседуваат совршено оружје за да ги победат. Оружјето, со 99,9% ефикасност, го поседува „озлогласениот“ за овие штетници Intertek сертификат за да го докаже тоа!

Микробите се насекаде околу нас. И порано или подоцна, тие завршуваат на нас. Ние и нашите деца ги носиме во нашиот дом однадвор – кога седиме на седиште во автобус или во воз, со допирање на стотици предмети на работа или на училиште, играјќи надвор и на подот. Колку и да се трудиме да ја заштитиме облеката од нив кога ја носиме, таа собира бактерии кои потоа опстојуваат на ткаенините извесно време и не само што можат да се распространат туку може и да предизвикаат болести и инфекции.

За жал, некои штетни микроби и бактерии можат да преживеат во машината за перење, ако водата не се загрее на температура од 60°C или повеќе. Тие потоа предизвикуваат вкрстена контаминација на вашата облека и населување на бактериите во вашата машина. Со оглед на големиот број машини за перење на пазарот, мора или да се потпрете на повисоки температури за перење на алиштата (кои трошат повеќе енергија и можат да ја оштетат и вашата омилена деликатна облека), на белило или детергенти што се базираат на пероксид или на хлор (кои можат да бидат штетни за животната средина), и на повремено перење само со средство за дезинфекција за да се ослободите од микробите и ос бактериите што остануваат во вашата машина за перење.

Gorenje машини за перење со Intertek сертификат

Пронајдовме – машини за перење кои остваруваат желби и отстрануваат 99,9% бактерии и габи! Некои модели GorenjeWaveActive машини за перење, на пример WS168LNST, имаат функција ExtraHygiene која пере со пареа и на висока температура. Вашата облека е совршено чиста и хигиенски истретирана, а вашата машина за перење не создава микробиолошки слоеви и со тоа поврзани непријатни мириси. Функцијата ExtraHygiene го доби сертификатот Intertek кој докажува дека навистина се елиминираат неверојатни 99,9% од бактериите и габите од вашата облека.

Што всушност претставува Intertek сертификатот?

Intertek е реномирана независна лабораторија која е специфицирана за тестирање и верификација на производите според меѓународните стандарди и прописи. Нејзиниот сертификат е гаранција дека производот или карактеристиките се тестирани за квалитет и перформанси. Сите тестирања, инспекции и ревизии зад тврдењата за производот може да се следат, да се проверат и континуирано да се консултираат, за да се обезбеди највисоко ниво на транспарентност и да се исполнат очекувањата на клиентите за производот. Можете да бидете сигурни дека производите со Intertek сертификат , како и машините за перење на Gorenje, имаат доказ за квалитет и функционалност.

Отстранување на микробите со перење

Ако сè уште сте загрижени дека бактериите се кријат некаде во вашата машина за перење, некои Gorenje машини за перење , исто така, имаат карактеристика што ќе ви го ослободи умот. WNEI1P4ADS, на пример, ја има и уникатната функција SuperHygiene која ви овозможува да додадете средство за дезинфекција во специјално конструирана преграда во внатрешноста на делот за дозирање пред процесот на перење. Дезинфекцијата на вашите алишта се врши на ниски температури и затоа е погодна за деликатна облека, како и за програми за заштеда на енергија. Со комбинација на програмите за дезинфекција и перење, вашите алишта ќе бидат совршено чисти и дезинфицирани.

Без разлика дали се сметате себеси за „гермафоб“ или не, микробите отсекогаш биле и секогаш ќе бидат дел од нашите животи. Меѓутоа, со Gorenje машините за перење, тие не мора да бидат дел од вашата облека… така, ќе ја завршиме оваа статија со изменет текст од познатата песна: Имам 99 проблеми, но 99,9% од бактериите не е еден од нив!

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате