International | Österreich | Bosna i Hercegovina | Северна Македонија | Danmark

Како да го внесете празничниот дух во вашето семејство

Магијата што ја носи сезоната на празниците е безценета. Создава посебна атмосфера и ги зближува семејството и пријателите. Ја инспирира нашата фантазија и креативните вештини и носи драгоцени можности за квалитетно време поминато со децата. Ако сè уште не сте возбудени, еве неколку совети како да го внесете празничниот дух во вашиот дом.

Подгответе се. Разговарајте со вашите деца и дознајте што сакаат да прават. Можете да се одлучите за една активност неделно, можеби да бидете креативни целиот викенд или само една вечер, во секој случај ќе уживаат што ќе бидат вклучени во планирањето на празниците.

Музика. Списокот со божиќни песни е долг, затоа не би требало да имате многу проблеми да најдете песни што ги сакате. Оставете ги и децата да ги одберат оние кои им се омилени. Играјте игра и обидете се да претпоставите која е следната песна што ќе ја одберат. Потоа, направете своја интересна кратка кореографија. Смеењето е загарантирано!

Храна. Изберете едноставен рецепт за домашни колачиња, поминете го целиот процес на подготовка низ разговор со децата и помогнете им да ги направат.

Замислете го тој сладок мирис од рерната и одличниот вкус. Доколку сте заборавиле да набавите украсни трошки, можете да ги натопите колачињата во растопено чоколадо и да ги посипете со мелени лешници или брашно од кокос.

Украсете го вашиот дом. Домашни држачи за свеќи, снегулки од хартија и снежни топки од памук. На интернет можете да најдете интересни идеи за празнични украси кои можете сами да ги изработите или сетете се што сте правеле кога бевте дете. И, не грижете се ако крајниот резултат не е за слика на Инстаграм, само забавувајте се заедно!

Честитки. Оваа година, направете ги дома! Одете во книжарницата и изберете го материјалот: картон, ножици, лепак, листови во боја, додатоци, боици. И препуштете се на вашата имагинација. Бонус поени ако успеете да најдете и уникатен текст за честитање кој одговара со картичките.

Украси за елка. Орнаменти може да се појават во различни форми и бои: колачиња, бонбони, снегулки. Има толку многу што можете да си направите со вашите деца и вашето дрво ќе изгледа прекрасно.

Но, што е најважно: уживајте, опуштете се и оставете ја празничната магија да го инспирира вашиот дом. Одвојте време за себе и вашите најблиски без секојдневниот стрес. И запомнете: секогаш најмногу ни значат малите нешта.

Создадете спомени: вградни рерни

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате