Исперете ги и исушете ги алиштата за само 120 минути
Велат дека единственото нешто што не можете да го купите е времето. Па, во оваа смисла се осмелуваме да размислуваме на поинаков начин. Затоа што нашите најдобри машини за перење и новата напредна линија на машини за сушење ќе овозможат во вашите раце да се внуши повеќе слободно време. Да бидеме прецизни, 120 минути повеќе слободно време.
Денот има само 24 часа, од кои 7-8 треба да ги искористите за спиење. Во текот на преостанатите 16 часа треба да одите на работа, да се грижите за домашните работи, да се грижите за вашите деца ако сте родител, да јадете, да одржувате лична хигиена итн. итн. Во нашите животи, веројатно, презафатеноста е поизразена од кога било порано, па секоја минута (а особено секој час) е важ(е)н(а). Ние сме горди и среќни што можеме да кажеме дека сега, со комбинација на нашите машини за перење и машини за сушење, ќе го добиете и најскапоцениот подарок – подарокот наречен време.
Waveactive машина за перење и машина за сушење – моќна комбинација од 120 минути
120 минути. 2 часа. Од моментот кога ќе ги ставите вашите валкани алишта во машината за перење, до моментот кога ќе ги извадите од машината за сушење, целосно исушени, меки и со мирис на свежина.
Не толку одамна, „ден за перење“ всушност значело ден за перење алишта. Ние, во Gorenje, предлагаме да го преименуваме овој назив во „часови за перење“. Овој подарок наречен време што ќе ви го даде машината за перење и за сушење, особено ќе го почувствувате како одговор на вашите молитви за деновите кога вашите деца се враќаат дома од летниот камп со еден тон валкана облека и следниот ден заминуваат на одмор кај бабите и дедовците. Или во деновите кога напаѓаат топлотни бранови, кога стравувате дека оставањето на алиштата да се сушат на сонце ќе предизвика нивно избледување и уништување. Или во дождливите денови, кога ќе се вратите од работа со дамки од кал насекаде по омилените фармерки. Или во деновите кога не сакате да ја пеглате стутканата облека (што, во основа, е секојдневен проблем, доколку нас нè прашувате).
Ова се времиња кога ќе ја посакувате прво машината за перење на Gorenje од линијата WaveActive, потоа машината за сушење на Gorenje од линијата WaveActive, со функцијата NatureDry, која симулира сушење на свеж воздух (ги елиминира надворешните влијанија врз нашите алишта, како прашина или бактерии) и гарантира дека целата облека останува мека и подготвена за носење. Нивната програма Fast 89’ ќе ви го исуши купот алишта за 89 минути. Нивната специјално патентирана технологија TwinAir, прва таква технологија во светот, ќе спречи прекумерно смалување на облеката, овозможувајќи сушење дури и на најделикатните алишта, како што се волната и спортската облека. Единственото нешто што нашето совршено дуо не може да го направи е да ја здипли облеката наместо вас. Сепак, којзнае, можеби нашите инженери веќе бараат решение и за овој проблем.
Помалку време за перење и сушење, повеќе време за вас
Сега кога знаете дека комбинацијата на Gorenje ќе ви купи уште два часа повеќе време, време е да си ги замислите сите работи што можете да ги правите во слободното време. Дали ќе читате книга или ќе гледате филм? Дали ќе ги прошетате вашите деца во парк или ќе ги поканите вашите пријатели на вечера во вашиот дом? Дали ќе се занимавате со градинарство или едноставно ќе лежите во вашиот хамок и ќе мечтаете? Што и да одлучите да правите со вашето време, тоа сигурно ќе биде добро искористено.