International | Slovenija | Magyarország | Polska | Россия | Северна Македонија | Молдо́ва

Искусете ја слободата со самостојните шпорети на Gorenje

Couple dressed casually in their kitchen.

Нашите самостојни шпорети претставуваат апарати наречени „сѐ во едно“, со стаклокерамичка плоча и со рерна, што ви дава еден комплетен пакет за готвење. И благодарение на нивните неверојатни карактеристики, ви даваат слобода повеќе да уживате во она што го сакате. Со други зборови … Ние ќе готвиме, а вие уживајте во животот!

Кујните секогаш еволуираат, приспособувајќи се на модерното време и на начинот на живот. Но, една работа секогаш останува иста – кујната е срцето на секој дом. Шпоретите нè враќаат на традиционалниот начин на живеење, кога огништата ја претставуваа средишната точка на домот. Тие беа извор на светлина и топлина, околу кој се собирале семејството и пријателите. Самостојните шпорети на Gorenje, на тој начин, му оддаваат почит и на минатото, претворајќи се од шпорет во познатите „камини“, а истовремено донесувајќи решенија за модерниот, брз начин на живот, правејќи го готвењето лесно, брзо и ефикасно. Еве, тоа е сè што треба да се посакува во врска со нив!

Совршено вклопување

Самостојните шпорети на Gorenje се вклопуваат во различни предлози за кујнски естетички решенија. Нивниот дизајн е класичен, но сепак модерен, така што совршено се вклопуваат во секој ентериер во кујната. Тие претставуваат и едно централно парче што го привлекува окото и суптилно парче што се вклопува во распоредот. Може да се сретнат во црна, инокс сребрена, бела боја или во комбинација со стакло, што ви дава слобода за најдобар избор за изгледот на вашата кујна. Можете да изберете од понудата на многу различни модели, со ширина од 50 или 60 см, кои може да се интегрираат во секоја кујна. Бидејќи самостојните шпорети, во основа, претставуваат два апарати во еден, тие ви заштедуваат и скапоцен простор. Тие не треба да се вградуваат во кујнските единици, можете едноставно да ги вметнете во вашата постојна работна површина или да ги поставите како самостојни елементи поставени на подната подлога.

Модерни карактеристики кои заштедуваат време

Едноставно, има премногу карактеристики за самостојните рерни на Gorenje кои заслужуваат внимание, но овде ќе објасниме само некои од најдобрите:

  • Функцијата Air Fry ви овозможува да уживате во најдоброто од двата света – во пржената и во поздравата храна. Оваа функција користи топол воздух за да ја претвори храната што ја приготвувате во крцкава пржена храна за задоволство, но без чувство на вина – за дополнителните калории. Приготвувајте ги со пржење вашите омилени јадења – месо, риба, зеленчук и претходно подготвени замрзнати оброци – без масло или маснотии.
  • Пица функцијата е прилично самообјаснувачка. Оваа програма беше дизајнирана за да се испече совршена пица, фокача, леб и слични печени специјалитети. Нема да ви досадуваме со технички детали, сè што треба да знаете е дека треба пицата да ја турнете во рерната, да ја изберете оваа функција и да ги подготвите вашите чинии (или рацете, бидејќи, сепак, тоа е најдобриот начин за јадење пица).
  • Функцијата FrozenBake е, исто така, тука за да го олесни вашето готвење. Честопати, немаме време да готвиме јадења од остатоци од оброците, а замрзнатите и претходно подготвените оброци претставуваат совршена алтернатива. Оваа функција е дизајнирана да го претставува најбрзиот начин да се испече нешто замрзнато. Па, речиси сè. Ние навистина не предлагаме да ја користите за сладолед.
  • Сите шпорети имаат TouchFree слој на контролната табла, што спречува оставање отпечатоци. Имаат и механичка брава на вратата што го прави шпоретот безбеден за вас и за вашите деца.
  • Шпоретите кои практично самите си готват, исто така, заслужуваат и самите да си се чистат. Програмата за пиролитичко чистење ја загрева рерната на екстремни температури од над 400°C. Сите наслаги од храна се претвораат во пепел за едноставно да ги избришете со крпа штом рерната ќе се олади. Чистењето без стрес е уште една работа што треба да се додаде на листата „Да се добие повеќе слобода“.

На плин, електричен или комбиниран

Може да изберете помеѓу самостојните шпорети на Gorenje на плин, електричен или комбиниран со два типа плочи. Вистинскиот избор за вас зависи од тоа како готвите, но, генерално, шпоретите на плин нудат моментална контрола на топлината и температурата и рамномерно ја готват храната, додека на електричните рингли им треба малку подолго време за да се загреат, но тие нудат екстра топлина за да ја одржуваат храната топла. И, се разбира, некои модели имаат индукциски површини за готвење со функција PowerBoost на сите четири зони, што го скратува времето на загревање до 35% поголема моќност.
Така, новата генерација на самостојните шпорети на Gorenje со надграден изглед се дизајнирани за сите нови генерации домашни готвачи кои бараат ефикасни и стилски решенија што им го прават животот попријатен. Тие се дизајнирани за флексибилни начини на готвење со капацитет да се приготват вкусни и здрави оброци за целото семејство или за сите пријатели кои можат да бидат почестени во вашата кујна. Тие се приспособуваат на вашите потреби и го поедноставуваат целото готвење. Разбираме дека готвењето не треба да претставува мака и сакаме да уживате во сите други нешта што ги носи животот, какви и да се тие… да поминувате повеќе време во вашата градина, да цртате со вашите деца или да си играте со вашите миленици. Олеснете си го животот!

Ние правиме да биде поедноставно. Вие правите да биде совршено.

Со новите HomeMade шпорети од Gorenje, готвењето станува неодоливо едноставно. Подгответе ја својата омилена храна, исто како во традиционалната фурна на дрва или импресионирајте го вашето семејство со голем број вкусни кулинарски доживувања. Проверете ги нашите паметни и практични решенија, на кои можете да се потпрете и само да додадете магичен допир за вкусно приготвена храна.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате