Рерните на Gorenje го прават животот повкусен

Gorenje рерна во неутрална кујна

Животот е авантура поврзана со сетилото за вкус! Во текот на нашето динамично секојдневие исполнето со веќе воспоставени рутини, сите ние копнееме по малку едноставност и спокојство. За среќа, рерните на Gorenje се дизајнирани да ви го олеснат животот, така што вие може да уживате во животот, а ние да готвиме. Дали сте подготвени да ги истражите 10-те најдобри функции што ги нудат нашите рерни за да може да се релаксирате додека нашите рерни ја вршат целата работа?

1. StepBake функција

Замислете си дека дома имате личен готвач. Со StepBake функцијата, на вашиот готвач му требаат само неколку лесни упатства – поставување на параметрите за секој од вашите посакувани чекори за печење. Од претходно загревање до крајната фаза, вашата рерна се грижи за сите други чекори во процесот на печење. Сега кога сè е средено, може да ја гледате вашата омилена серија и да се релаксирате или да си ја читате книгата.

2. FastPreheat функција

Во денешниот свет на живеење со брзо темпо секоја минута е важна. Од жонглирањето меѓу работните состаноци до прибирањето на децата од училиште, дури и до затегнувањето на мускулите во текот на еден краток тренинг-час, нашите распореди се преполни. Имајќи го на ум вашиот преполн со обврски професионален живот, дизајнирана е функцијата за брзо предзагревање (FastPreheat) која постигнува високи температури, до 200°C за само 5 минути, со што се скратува 30 % од стандардното време за предзагревање. Размислете за тие дополнително заштедени минути – повеќе време за семејните вечери, за следење на вашето омилено шоу или, едноставно, за релаксирање по напорниот ден. Не станува збор само за готвењето; се работи за оптимизирање на вашето време и за поедноставување на секојдневното живеење.

3. AutoBake: Готвење без грешка за почетници (и за вредни пчелки)

Секој ден носи ново множество предизвици и готвењето секако дека не треба да биде едно од нив. Наоѓајќи се во центарот на поројот од сите ваши секојдневни рутини, лесно е да се почувствувате како да немате доволно време да подготвите вкусни и здрави оброци, што често резултира со избор на набрзина подготвена ужина или приготвување на замрзната храна. Во тие ситуации, може да се потпрете на Autobake функцијата како подадена рака за помош. Меѓу 22 програми за автоматско готвење, оваа функција е идеална за секого – за апсолутни почетници или чираци, за готвачи на кои им недостига време или за искусни шефови на кујни. Едноставно, изберете го типот на јадењето, поставете ја тежината и притиснете го копчето за почеток – вашата рерна автоматски ќе ја приспособи температурата за приготвување на вашето совршено јадење. Не е потребно често проверување на процесот на приготвување на вашата храна.

4. и 5. AquaClean функција и PyroClean функција

Ајде да се соочиме со тоа дека чистењето на рерната честопати се чувствува како работа што повеќе би сакале да ја прескокнеме, а понекогаш тоа е обврска што ја прескокнуваме неколку месеци додека рерната не стане видливо валкана. Нашите функции за чистење со вода (AquaClean) и функцијата за чистење со пиролиза (PyroClean) се дизајнирани за секој оној кој повеќе би сакал да прави нешто друго во своето работно време отколку да ја чисти рерната. За функцијата за чистење со вода (AquaClean), сè што треба да направите е да истурите половина литар вода во плехот за печење, да ја активирате функцијата за чистење со вода (AquaClean) по печењето, и да бидете сведок како за само 30 минути вашата рерна блеска како штотуку да сте почнале со нејзино користење. Што се однесува до функцијата за чистење со пиролиза (PyroClean), таа користи високи температури за да ги трансформира сите тврдокорни остатоци во пепел, обезбедувајќи чиста внатрешност на рерната без остатоци од мрснотија.

6. ConnectLife апликација

Во денешниот меѓусебно мрежно поврзан свет, каде што ефикасното управување со секојдневните задачи има клучно значење, нашата ConnectLife апликација ја носи секоја перспектива на вашата рерна до вашите прсти. Преку вашиот мобилен уред, без напор, приспособете ги поставките на рерната, откријте инспиративни рецепти и ќе бидете известени за процесот за кратко време. Може да се збогувате со сликата од вашите мисли како стоите среде вашата кујна мавтајќи и не знаејќи што да готвите или со моментот дека сте заборавиле на вашата храна што се готви.

7. Печење на повеќе нивоа

Дали некогаш сте доживеале таква катастрофа при процесот на печење, кога јадењето во едниот плех е совршено приготвено, а јадењето во другиот е сè уште недоволно испечено? Печењето на повеќе нивоа внесува ред во хаосот. Паметниот проток на воздухот и рамномерно распоредените положби на решетките обезбедуваат секое јадење да се приготвува до совршенство. Оваа карактеристика е вистински господар на играта, мајсторски го регулира протокот на воздухот во рерната. Комбинацијата на стратегиски распоредените положби на решетките гарантира дека секое јадење, без разлика дали е највисоко поставено, на средината или на дното, ја прима вистинската количина на топлина. Нема веќе игри со нагаѓање – туку, постојано, само беспрекорни резултати секогаш кога ќе печете каков било вид јадење.

8. AirFry функција

Копнеете по вкусот на пржената храна, но стравувате од тешкотијата на чувството што се појавува потоа? Оваа AirFry функција за пржење на топол воздух (без масло) е создадена за да го премости јазот помеѓу вкусната, совршено крцкавата храна и урамнотежениот стил на живеење. Со пржење на сите ваши сакани јадења – да, вклучувајќи ги и оние омилени јадења што ви даваат можност да си останете сладокусец – со помош на топол воздух, се постигнува прекрасен крцкав вкус, златновиден фил на јадењето, а сето тоа без потреба од додавање масло. Од парчиња месо и риба, до зеленчук, помфрит и оние неодоливи пилешки кнедли, уживајте во полесниот пристап кон вашите секојдневни кулинарски авантури.

9. Пица функција

Пица, непобитен фаворит за многумина, но, сепак, уметноста на изработка на едно совршено парче пица се базира на нијансирање и сложеност во приготвувањето. Професионалците ги усовршија своите техники за печење со текот на времето, а и ние, во Gorenje, се посветивме на нашата „домашна задача“. Нашата функција за приготвување пица ја загрева вашата рерна на стабилни 300°C, со што се создаваат предуслови за подготвка маестрално да се печат пици, до постигнување совршенство во нивното приготвување. Но, тоа не е сè; оваа функција е подеднакво вешта во создавањето предуслови за обработка на храна чии печење и приготвување се сложени процеси, какви што се приготвувањето фокача и разни видови пити или погачи.

10. PerfectGrill функција

Јадењата приготвени на скара заземаат посебно место во нашите кулинарски срца, често предизвикувајќи спомени од собирите во дворот или од излетите поминати на сончевина. И иако потпалувањето на скарата има свој шарм, тоа не е секогаш изводливо во нашиот секојдневен живот – особено ако немате двор. Промислено дизајнирана, нашата PerfectGrill функција обезбедува беспрекорна дистрибуција на топлината. Резултатот на тој напор се јадењата кои без напор го доловуваат вкусот на скарата, со корава надворешност и сочно, нежно јадро. Нема веќе чекање на совршено време или пригода; со PerfectGrill функцијата , искусете го тој автентичен вкус на скарата во секој ден од неделата, токму во удобноста на вашата кујна.

Со функциите на Gorenje рерната, вашата кујна не е само место за готвење – тоа е место за авантура. Но, станува збор за добра, едноставна и авантура поврзана со тестирање на вкусовите. Дали сте подготвени да искусите една таква незаборавна авантура?

Сподели:

Можеби би сакале да прочитате