Зошто изработувањето машини за миење садови на Gorenje во Европа прави разлика

Машина за миење садови на Gorenje во неутрална просторија

Произведено во Европа. Три збора што со гордост ги кажуваме за нашите машини за миење садови. А еве ги трите причини зошто.

Причина 1: Одржливост

Фактот што машините за миење садови на Gorenje се дизајнирани и произведени во Европа, каде што се наоѓаат поголемиот број наши клиенти, подразбира и многубројни придобивки за нив и за животната средина. Европското производство го скратува синџирот на снабдување, времето на транзит и времето на испорака. Европското производство ни овозможува:

  • користење исклучиво на врвна опрема за да направиме апарати што ќе претставуваат ваша поддршка во секојдневното живеење,
  • работа со водечки експерти во индустријата кои ги разбираат нашите клиенти и на тој начин се способни да ги креираат само најдобрите решенија,
  • и намалување на емисиите на CO2 поради европската силна транспортна инфраструктура.

Како дел од обврската на нашата компанија во врска со одржливоста, нашата цел не е само да ги одржуваме вашите садови чисти, туку и околината да ја одржуваме чиста. Сите наши машини за миење садови минуваат низ обемна фаза на планирање во текот на еден долг период пред да ја видат светлината на денот, така што соодветствуваат на законските и на еколошките барања. Постојано ги подобруваме процесите на дизајнирање и производство за да обезбедиме минимално влијание врз нашата планета, од избор на материјали и еколошко-технолошки процедури, до што помала употреба на електрична енергија и вода, откако производот ќе се најде во вашиот дом, па сѐ до обезбедување на едноставно расклопување и рециклирање на крајот од животниот век на машината за миење садови.

Причина 2: Квалитет и иновација

Европа е позната по иновациите на производите и во индустријата. Во текот на повеќе години, тоа беше еден вид традиционална рута што Европа ја иновира, а Кина ја изработува. Меѓутоа, кога секој дел е дизајниран, развиен и произведен од нас, тоа условува поголема контрола врз целиот процес и заштита на трговската марка, како и елиминирање на можностите за прекршување. Затоа, „Made in Europe“ претставува гаранција дека се исполнети одредени прописи и стандарди за производство, односно тоа е знак за транспарентност и доверба.

Сите машини за миење садови на Gorenje се изработени од еден тим на пионери професионалци кои ги инкорпорираат најновите технолошки трендови кои можат најдобро да соодветствуваат на потребите на нашите клиенти. На пример, новите UltraClean машини за миење садови располагаат со мноштво функции кои ви го олеснуваат животот. Ако барате заштеда на време, детергент и енергија, нашата функција SmartDosing брзо ќе стане ваш потенцијален избор. Едноставно, го истурате вашиот детергент во садот и машината за миење садови интелигентно го дозира во текот на еден цел месец. Функцијата FastEfficient на машината за миење садови, од друга страна, ги мие и ги суши вашите садови до совршенство, неверојатно, во текот на еден час. Ако барате екстра чисти садови, може да се потпрете и на функцијата ExtraHygiene со УВ-технологија, со цел да ја завршите работата, бидејќи отстранува 99,9 % од бактериите и вирусите дури и при пониски температури.

Причина 3: Етички труд

Не е тајна дека некои делови од светот користат принудно робување или детска работа во текот на нивниот производствен процес. Во Европа, како и во нашата компанија, ние сме посветени на фер и третман на почитување кон сите наши работници. Понатаму, со тоа што се грижиме за нашите „членови на семејството“, помагаме во заштитата на европската економија и помагаме во напредокот на општеството.

Денес, сѐ повеќе луѓе одлучуваат да купуваат врз основа на европското потекло на производите. Тие ја разбираат вредноста на локалните производи, безбедноста на снабдувањето и преземањето еколошки одговорни активности кои ќе помогнат да се обликува подобра (и почиста) иднина за сите нас. Затоа, тие три збора „Произведено во Европа“, значат, исто така, уште една важна работа – дека нашите машини за миење садови се „направени за вас“.

Квалификувани да ја завршат вашата работа.

Новите машини за миење садови од Gorenje се инспирирани од модерниот начин на живот. Доволно флексибилни за да се справат со која било задача, тие беа создадени имајќи ја предвид динамиката на секојдневниот живот. Целосно се прилагодува на секоја ваша потреба, нудејќи ви различни функции и целосно прилагодлив и приспособлив ентериер. Изобилството на функции ќе ви даде време да уживате во поважните работи во животот. Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате