Борба против климатските промени со менување на ефикасноста на машината за перење

Green, natural photo that features text saying "A-40%"

Во потрага по енергетска ефикасност и соочувајќи се со потребата од борба против климатските промени, Gorenje претставува линија на машини за перење кои ги надминуваат оценките за енергетска ефикасност А за неверојатни 40%. Овие машини се дизајнирани да штедат енергија, но и значително да ја намалат потрошувачката на вода, и затоа не само што значително влијаат врз намалувањето на сметките за комунални услуги во домаќинството туку и претставуваат вистинска поддршка во борбата за поздрава планета минимизирајќи го влијанието врз животната средина како резултат од исполнувањето на секојдневните домашни обврски.

Мал чекор за домаќинството, огромен скок за енергетската ефикасност

Кога се бориме против климатските промени, секој од нас (заедно со секој наш апарат) игра клучна улога. Во минатото, а сè уште е таква состојбата и со многу од апаратите што се користат и денес, машините за перење претставуваа истакнати потрошувачи на енергија. Затоа, во Gorenje напорно се вложуваме во дизајнирање апарати што ќе може да направат разлика во оваа смисла. Горди сме што можеме да објавиме дека нашите најнови машини за перење го надминуваат највисокиот енергетски рејтинг А за импресивни 40%, благодарение на најсовремените технологии.

Уште повеќе, веруваме дека одговорноста во процесот на производството не е само еколошка обврска. Помалата потрошувачка на енергија резултира со пониски емисии на стакленички гасови и со значителни заштеди на трошоците за електрична енергија за нашите клиенти. Едноставните практики, како што се изборот на вистинскиот циклус на перење или користењето на апликацијата ConnectLife за да се направи ефикасен избор на соодветната програма, ги намалуваат потрошувачката на енергија, сметките и влијанието врз животната средина.

Новите машини за перење на Gorenje, не само што ќе ви заштедат време и напор туку со нивното извонредно зголемување на енергетската ефикасност од 40%, исто така ќе помогнат да се спаси нашата животна средина. Тие не само што го редефинираат перењето на алиштата туку го преобликуваат начинот на кој размислуваме за одржливоста и за живот со позитивно еколошко влијание.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате