Како да си подготвите совршен излет дома

Gorenje French door refrigerator in neutral room.

Има нешто магично во добро испланираниот излет – уживање под сенка на сончев ден, споделување вкусна храна и создавање радосни спомени. Но, што е тоа што ќе направи излетот да биде навистина успешен? Од крцкава скара до разладени пијалаци, неопходно е при рака да имате соодветни решенија за складирање на продуктите заради нивно разладување. Еве каде се вклопува фрижидерот на Gorenje со француска врата.

Основни работи за совршен излет

Свежа и вкусна храна

Срцето на секој излет е храната. Разноликоста на свежи, вкусни јадења може да го направи вашиот излет посебен. Без разлика дали се работи за скара или за сендвичи наполнети со свеж зеленчук и со сирење, за свежи салати и за сочно овошје, или за најсаканите замрзнати десерти, задолжително е вашите состојки да се одржуваат во свежа, здрава и безбедна состојба. Ова е мигот кога ќе заблескаат фрижидерите со француска врата на Gorenje.

Максимално складирање за максимална едноставност

Со капацитети кои се движат од 480 литри до 580 литри, фрижидерите со француска врата на Gorenje обезбедуваат безграничен простор за сите ваши потреби за организирање на еден излет. FreshZone фиоката е идеална за складирање на месо, риба и на сирење, одржувајќи ги овие намирници свежи и подготвени за употреба. ConvertZone нуди максимална флексибилност, овозможувајќи ви да се префрлате од замрзнувач на ладилник, со приспособување на температурата од –18°C до +5°C. Дали ви треба дополнителен простор за месото приготвено за скара или за салатата? Лесно претворете го замрзнувачот во ладилник и уживајте во извонредната свежина на храната.

Пијалаци за разладување до совршенство

Ниту еден излет не е комплетен без избор на освежителни пијалаци. Од планинското ладно пиво до газираната вода и разладените вина, вкусните домашни ледени чаеви и лимонади, клучно е вашите омилени пијалаци да бидат совршено разладени.
SuperCool функцијата на Gorenje фрижидерите со француска врата брзо ги лади вашите пијалаци, осигурувајќи дека тие се освежувачки ладни кога вам тоа ви е потребно. MetalCool 360° функцијата обезбедува рамномерна распределба на температурата, така што секое шише и секоја лименка совршено се разладуваат. DeepDoor полицата обезбедува безбедно складирање на големи шишиња, спречувајќи тие да се поместуваат или да бидат оштетени.

Закуски и благи задоволства

Како дополнување на главните јадења, различните грицки и благи задоволства може да го подигнат степенот на вашето излетничко искуство. Размислете за свежо исечкано овошје, крцкави чипсови и за помамувачки, заведувачки слатки за освежување… Клучниот момент лежи во умешноста како овие производи да се одржуваат свежи и лесно достапни.
Некои фрижидери со француска врата на Gorenje нудат многу простор и паметни решенија за складирање, како што е HumidityControl функцијата во CrispZone фиоката, која ја одржува свежеста на вашето овошје и на вашиот зеленчук како да е штотуку набран од градината. Ова значи дека вашите јагоди, боровинки, грозјето и други свежи закуски остануваат крцкави и вкусни подолго време. Благодарение на NoFrost Plus технологијата, вие не мора да се грижите за вашите замрзнати производи во одделот за замрзнување, бидејќи таа ефикасно го спречува таложењето на слоеви лед и мраз. Ако заборавивте да направите домашен сладолед, без грижа, FastFreeze функцијата брзо ќе ги замрзне производите на –24°C, зачувувајќи ги и нивниот квалитет и хранливите материи.

Погодност и флексибилност

Фрижидерот со француска врата на Горење, со ширина од 90 см, ќе ве збогати со ново искуство преку користењето на апликацијата ConnectLife, овозможувајќи ви да го контролирате вашиот фрижидер преку вашиот мобилен уред преку безжично поврзување. Приспособете ги поставките, примајте известувања и управувајте со фрижидерот од далечина, така што сето тоа ќе го олесни планирањето и подготвувањето на вашиот излет. Инвертер-компресорот обезбедува тивко работење и висока енергетска ефикасност, така што вашиот фрижидер ќе работи непречено и тивко во заднината, обезбедувајќи супериорни перформанси, заштедувајќи ви пари и намалувајќи го вашето влијание врз животната средина.
Ова лето поедноставете го вашиот живот и подобрете ја забавата со фрижидерите со француска врата на Gorenje. Изберете го вашиот совршен пријател за излет на mk.gorenje.com.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате