International | Северна Македонија

Дали знаевте дека вашиот фрижидер нема да прифати каква било храна со раширени раце?

Кога станува збор за здрав оброк, богат со витамини, еден од најефикасните апарати за домаќинство за оваа намена е вашиот фрижидер. Може да го наречете ваш најдобар пријател на кого што помислувате секојпат кога ќе подготвите оброк. Па може, полека и претпазливо да се вовлече во вашиот ум во вечерните часови, додека го гледате вашето омилено шоу. Денес тешко можеме да замислиме кујна без фрижидер. И тоа, колку е пополн толку подобро. Но дали знаевте дека во фрижидерот не треба да ја ставете сета храна што ја носите од продавницата или од градината? Некој тип на храна едноставно не припаѓа во фрижидерот.

Десет типови храна со забранет влез!

Бананите побрзо созреваат во фрижидер. Премногу ниската температура во фрижидерот предизвикува бананите да изгнијат наместо да зреат. Истото важи и за сите тропски плодови, кои полека и поефикасно ќе созреат на вашата работна површина во кујната, што значи дека вашите оброци ќе бидат вкусни и богати со витамини.

Компирите содржат скроб, кој се претвора во шеќер поради ниската температура во фрижидерот. Уште следниот ден компирите ќе станат зелени и жилави. Наместо тоа, чувајте ги компирите во картонска кутија на балконот. На овој начин, тие ќе останат свежи и вкусни за јадење подолго време, а вие ќе бидете среќни и задоволни кога ќе сакате да ги користите како главни состојки за вашиот следен оброк.

Нелупениот кромид станува слузав и мек во фрижидерот. Ако сакате да го продолжите рокот на траење на кромидот, чувајте го на свеж воздух (најдобро во мрачен и ладен простор). Ако веќе сте го излупиле кромидот, можете да го ставите во фрижидер еден или два дена.

За лукот, исто така, нема место во фрижидерот, бидејќи ќе стане гумест и со текот на времето ќе стане слузав. Чувајте го лукот на балконот или во гаражата и уверете се дека температурата не е премногу висока. Како и за кромидот, истото важи и за лукот – ладното и темно место ќе го продолжи рокот на траење.

Чувајте го кафето во зрно во херметички затворен сад, но никогаш не чувајте го во фрижидерот. Зрната кафе бараат ладно, суво и темно место за складирање. Уште еден дел од практични совети што сме среќни да ги споделиме со вас: остатоците од кафе (талогот од турско кафе) може да ви помогнат да ги отстраните непријатните мириси во вашиот фрижидер.
Ако се случи да има непријатен мирис во вашиот фрижидер, едноставно ставете го следниот филџан испиено кафе во фрижидерот. На овој начин, вашиот фрижидер ќе стане „мирислив технолошки апарат“.

Доматите не зреат во фрижидерот и го губат својот вкус. Процесот на зреење е тој што му дава на доматот вкус и убав мирис. Затоа препорачуваме доматите да ги чувате во сад на кујнскиот шанк или на масата. Тие може да се користат и како декорација.

Дури и на лубеницата не ѝ е местото во фрижидерот, бидејќи губи дел од својот бета-каротин. Бета-каротин, што е пак тоа? Бета-каротинот се претвора во витамин А во нашето тело, само кога на телото тој му е потребен, а останатиот дел дејствува како антиоксиданс. Ако ја исечете лубеницата, може да ја складирате во фрижидерот, но бидете сигурни дека таа е добро покриена.

Ако медот е ставен во фрижидерот, процесот на кристализација на шеќерот е забрзан. Кристализираниот мед не го губи својот квалитет, туку станува само малку потежок и го менува својот изглед.

Маслиновото масло ставено во фрижидер, се претвора во густа смеса слична на путер. Некои корисници што се сомневаат во купените производи, го користат овој факт за да проверат дали маслото што го купуваат е навистина маслиново масло. Кога маслото се загрева, повторно се враќа во течна состојба. Чувајте го на темно и ладно место.

Конзервираната храна, исто така, не се чува во фрижидерот. Особено ако веќе сте ја отвориле конзервата. Внимание! Таквата храна може да предизвика труење со храна и сериозни здравствени проблеми.

Вашиот фрижидер не е само шкаф за складирање храна, тоа е високотехнолошки апарат кој помага во одржувањето на витамините во вашата храна, ги прави вашите оброци поубави и ви помага да станете добар готвач.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате