Please ensure Javascript is enabled for purposes of website accessibility
International | Slovenija | Österreich | България | Северна Македонија

ConnectLife го олеснува перењето

A father and young son playing together in a bright, modern laundry room. The child is sitting on a blanket being gently pulled, laughing and pointing upward, while the father smiles.

На перењето на алиштата секогаш како да помислуваме во погрешен момент ‒ кога сте на половина од времето предвидено за неделно пазарување и не можете да се сетите дали сте притиснале на копчето за старт, кога децата конечно се средени и заспани, а машината покажува потреба од ваше внимание, или кога излегувате низ вратата и сфаќате дека облеката што ви е потребна е сè уште во машината за перење. Апликацијата ConnectLife ви помага да останете во тек со перењето без постојано проверување, двоумење или трчање напред-назад ‒ бидејќи прашањето за обезбедување чиста облека не треба да биде она што може да ви го расипе денот.

Никогаш ништо не пропуштајте

Лесно е да заборавите на машината за перење кога имате сто други работи на ум. Со ConnectLife ќе добиете нежно поттурнување кога ќе заврши циклусот, кога детергентот е при крај или ако нешто тргне наопаку ‒ така што нема да останете со влажна облека во барабанот или со машина што всушност никогаш не почнала да работи. Можете да си го продолжите денот, знаејќи дека ќе бидете известени во моментот кога ќе ѝ биде потребно вашето внимание, наместо обврската повремено или за секој случај да ја проверувате машината.

Под контрола дури и кога не сте дома

Некои денови не течат според планираното ‒ училиштето завршува порано, се доцни со состаноците или, на крајот, излегувањата траат подолго од очекуваното. Со ConnectLife апликацијата може да почнете со перењето или да го ставите на пауза веќе почнатиот процес на перење во машината од кое било место и каде и да се наоѓате. Само поставете ги температурата и брзината на центрифугирањето или одложете го циклусот за да заврши токму кога ќе се вратите дома. Сето тоа се наоѓа токму на вашиот телефон, така што перењето може да се одвива според вашиот распоред, а не обратно.

Во секое време, совршена грижа за перењето на вашите алишта

Не сте сигурни која поставка да ја користите за опремата за вежбање, волнените џемпери или за куповите каллива детска облека? Помошникот за перење ќе биде вашиот нов најдобар пријател. Само одговорете на неколку едноставни прашања во апликацијата и таа ќе ви ја предложи најдобрата програма за она што сакате да го исперете. Вашите алишта ќе добијат совршена грижа секојпат, без обврска да пребарувате на Гугл за да најдете најдобри совети за перење.

Вашата машина за сушење алишта веќе знае што треба да направи

Откако ќе заврши перењето, последното нешто што го посакувате е поигрувањето со поставките на машината за сушење алишта или да се прашувате која програма одговара на она што штотуку сте го испрале. Со DrySync, вашата машина за перење ги испраќа сите детали директно до вашата компатибилна машина за сушење алишта, така што таа е подготвена за употреба штом ќе ги префрлите алиштата. Само притиснете „старт“ и продолжете со вашиот ден.

Перењето алишта секогаш ќе биде дел од секојдневјето, но не мора целосно да го исполнува денот. Со малку помош во вистинските моменти, станува нешто што едноставно се завршува ‒ сигурно и без премногу размислување. Тоа е она што ја прави разликата и во најдинамичните попладниња и во најбавните утра: сознанието дека за една мала работа веќе сте се погрижиле.

Сподели:

Можеби би сакале да прочитате