SimpliCare водич за перење: пронајдете го вашиот избор

Ниту еден дом не функционира на ист начин. Некои се потпираат на едноставност, други прифаќаат попаметни функции што се прилагодуваат на динамичниот секојдневен живот. Некои сакаат грижа што изгледа беспрекорно лесна. Линијата Gorenje SimpliCare на машини за перење и сушење е дизајнирана за сите нив: три серии, секоја со различно ниво на удобност и иновација. Без разлика дали ќе го изберете практичниот G400, избалансираниот G600, или напредниот G800, секој модел има иста цел – да го направи перењето едноставно, интуитивно и сигурно од почеток до крај.
Кој SimpliCare е вистинскиот за вас?
Ако сакате машина што едноставно си ја врши работата секогаш добро, G400 е сигурниот избор. Ви треба малку повеќе помош за да се справите со динамичните денови? G600 додава побрзи програми и попаметна поддршка. А ако сакате највисоко ниво на хигиена, тивка работа и удобност, G800 нуди премиум грижа без сложеност.
G400 – сигурна грижа за секојдневниот живот
Ако сакате чиста и свежа облека без многу размислување, машината за перење G400 ја одржува внатрешноста хигиенски чиста благодарение на функцијата UltraClean и SelfCleaning Drawer, кои ги отстрануваат остатоците од детергент пред да се наталожат. Едноставна, сигурна и направена да трае. Сите SimpliCare машини за сушење ја имаат технологијата NatureDry – нежно сушење инспирирано од сушење на воздух. Работејќи на природно пониски температури*, ја одржува мекоста и го зачувува чувството на новина на ткаенините подолго. Затоа што грижата за облеката не завршува со перењето.
G600 – паметна поддршка кога животот е динамичен
Машината за перење G600 ги надградува сите функции на G400 и додава дополнителна практичност за полесна рутина. Побрзите програми и интуитивните контроли ви помагаат да го одржите темпото на денот, додека UltraClean и SelfCleaning Drawer cпродолжуваат да ја одржуваат чистотата во внатрешноста. За да избегнете сложени поставки, користете WashingModes, а за тврдокорни дамки само изберете претходно дефинирана опција и оставете машината да ја заврши работата. Машините за сушење G600, покрај NatureDry, ја имаат и функцијата Wash&Dry Sync, која автоматски ја поставува идеалната програма врз основа на поврзаната машина за перење – за лесна и ефикасна грижа за облеката.
G600 е одличен избор за домови што сакаат секојдневието да тече полесно.
G800 – повисоко ниво на хигиена и тивка удобност
За оние што бараат највисоко ниво на чистота и мир, машината за перење G800 ја носи грижата на ново ниво. Функцијата TotalFresh нежно го проветрува барабанот, гумата на вратата и фиоката за детергент по секое перење, одржувајќи ја внатрешноста сува и елиминирајќи 99,9% од бактериите*. AntiCrease+ ја одржува облеката мазна до 12 часа по завршување на циклусот, додека Refresh&Go користи пареа за освежување на кошулите за само 20 минути. Тоа е перење што делува промислено, тивко и премиум. Функцијата SuperSilent со 68 dB обезбедува исклучително тивка работа дури и при интензивно центрифугирање.
Интуитивниот, прецизен и премиум повеќејазичен TFT дисплеј со KnobControl копче за потврда на изборот кај G800 машините за перење и сушење, го прави секое подесување лесно.
Нежно сушење во сите серии
Секоја SimpliCare машина за сушење започнува со NatureDry, нежен начин на сушење што ја третира облеката со истата мекост како свеж воздух.
Кај серијата G800, оваа грижа оди чекор понатаму: TangleFree ја одржува облеката мазна и без заплеткување, додека CompleteDry гарантира дека сè е подготвено за носење.
А благодарение на Wash&Dry Sync кај G800 и G600, машината за сушење точно „знае“ што направила машината за перење – правејќи го целиот процес едноставен и поврзан.
Дизајнирани да работат заедно
Секоја SimpliCare машина за перење и сушење ја дели истата цел: да го направи перењето помирно, почисто и поинтуитивно од почеток до крај. Без разлика дали ќе ја изберете основната сигурност на G400, паметната ефикасност на G600, или напредната удобност на G800, вашиот дом добива апарати што совршено се вклопуваат – во поставки, перформанси и во текот на секојдневниот живот.
*Тестирано на Биотехничкиот факултет, Универзитет во Љубљана, Словенија, и врз основа на резултати од тестирања во лабораториите на SGS.
Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.
WaveActive машините за сушење од Gorenje се направени за да се заврши работата на ефективен, лесен и еколошки начин. WaveActive машините за сушење користат напредни технологии за супериорни резултати на сушење:- Програми дизајнирани да ги освежат влакната на алиштата за да ги омекнат и да ги намалат наборите.
- IonTech кој го исполнува воздухот со негативно наелектризирани јони кои ќе ги отстранат најголемиот дел од алергените и бактериите.
- SteamTech овозможува дополнителен третман со пареа за многу помеки алишта.





