Please ensure Javascript is enabled for purposes of website accessibility
International | Magyarország | Österreich | България | Северна Македонија

Плоча со аспиратор создадена за живот во движење

Gorenje G800 series hood-in-hob with built-in extraction vent removing steam and odours while cooking octopus and vegetables, surrounded by fresh ingredients on a modern kitchen counter.

Понекогаш готвењето значи бавен неделен оброк што ја исполнува целата куќа со топлина, а другпат тоа е брза вечера пред сите повторно да поитаат кон својата цел. Помеѓу работата, семејството и сè друго што го исполнува денот, кујната мора да го одржува темпото, без да додавање на уште нешто за размислување. Вашите апарати треба да се движат со вас ‒ овозможувајќи готвењето да го чувствувате помалку како уште една задача на вашиот список со обврски, а повеќе како нешто што природно се вклопува во ритамот на вашиот живот.

Моментален одговор, невидлив напор

Готвењето тече најдобро кога сè е како што треба, особено во деновите кога времето воопшто не тече бавно. InstaDetect се грижи плочата со аспиратор од серијата G800 да биде секогаш еден чекор понапред, веднаш препознавајќи го вашиот сад за готвење, и тоа за само 0,2 секунди, така што може да преминете од една задача на друга без да го нарушите вашиот ритам. Не мора да застанувате и да приспособувате нешто или да чекате за да видите како реагира плочата ‒ таа едноставно реагира, непречено и без напор. Дури и среде дополнително итање за да се приготви вечерта, сè работи со ваше темпо, така што вечерата лесно се подготвува без разлика што друго околу вас се случува.

Светлината, допирот и тишината во совршена синхронизација

Добриот дизајн често одвај го забележувате, а LumiSliders на плочата со аспиратор од серијата G800 совршено го доловува тоа. Нивниот елегантен, модерен изглед се вклопува беспрекорно во површината, станувајќи невидлив кога плочата е исклучена, така што кујната секогаш се доживува во својата чистотија и уредност, без разлика колку денот бил преполнет со обврски. Во моментот кога ќе почнете да готвите, контролните светилки светнуваат под вашите прсти, подготвени за брзи, прецизни приспособувања додека мешате, вкусувате или се движите од еден до друг сад. Тие реагираат веднаш и исчезнуваат исто толку лесно откако ќе завршите, одржувајќи ја вашата кујна да изгледа лесно како што се доживува, од хаос во текот на работната недела до спокојни оброци за време на викендот.

Чистење без напор

Чистењето не треба да одзема повеќе енергија од готвењето, а со EasyClean тоа никогаш не се случува. Секој дел од плочата со аспиратор од серијата G800 е направен да се соочи со проблемите на реалниот живот ‒ брзи појадоци, доцни вечери и сè друго помеѓу тоа. Филтерот за маснотии, садот за собирање на капките и садот за кондензација се лесни за пристап и за отстранување, така што истурањата и прскањата подоцна не се претвораат во дополнителна работа. Повеќето делови може да се однесат директно во машината за миење садови, така што средувањето претставува брз чекор, без многу размислување, вистински потег на крајот од денот. Тоа е паметен дизајн кој овозможува вашата кујна да изгледа спокојно, дури и кога денот претставувал сè друго освен тоа.

Најдобрите кујни функционираат во заднината, овозможувајќи во натрупаните денови со обврски да се чувствувате малку поурамнотежено, а моментите кога работите бавно се одвиваат да се чувствуваат уште подобро. Плочата со аспиратор од серијата G800 е изведена за таква рамнотежа ‒ подготвена за брзата работа во утрата во текот на работната недела, а сепак доволно мирна за бавен неделен оброк. Ја одржува вашата кујна со леснотија, отворена и во хармонија со секојдневниот живот, така што секој оброк буди чувства на уживање, а не како нешто низ коешто мора да се помине без да се доживее.

Сподели:

Можеби би сакале да прочитате