Дали самочистечката рерна е мит? За среќа – не!

Ако рерната во вашиот дом се користи многу често, неизбежно е во одреден момент да се извалка. Особено при постојана употреба, нечистотијата почнува да се таложи прилично брзо. Валканата рерна не само што изгледа лошо, туку може да има и негативни последици по вашето здравје, а во екстремни случаи дури може да предизвика и пожар. Сигурно не сакате тоа да се случи во вашата кујна, нели? Никој не го сака тоа.
Значи, немате избор освен редовно да ја чистите рерната. Или сепак имате?
Знаеме, чистењето на рерната е една од најодземајќите кујнски задачи, особено кога маснотијата се лепи за внатрешноста. Но имате среќа – постои решение…
Самочистечка рерна? Премногу добро за да биде вистина? Постојат некои производители кои прават рерни што (речиси) сами се чистат.
Постојат неколку различни технологии, од пиролитичко самочистење, олеофобна нанотехнологија, до едноставно чистење со пареа и каталитичко самочистење. Некои од нив се прилично научно напредни. Важно е дека – најдобрите навистина ја вршат работата, па самочистечките рерни не се мит.
Веројатно сакате да знаете кои се најдобри и зошто? Еве: Пиролитичкото чистење е најефикасниот начин за чистење на рерна , со екстремно високи температури што ја оставаат рерната беспрекорно чиста. За безбедност, рерната се заклучува за време и веднаш по процесот на чистење, а кога ќе се излади, треба само да ја избришете преостанатата пепел со влажна крпа. Моделите од линиите Essential и Advanced на Gorenje обезбедуваат вашата рерна да биде сјајна и чиста со температура до 470°C и програма од 120 минути. За оние на кои им требаат повеќе опции, моделите од линијата Superior користат температура до 500°C и нудат три нивоа на PyroClean: нежно чистење (90 минути), среден интензитет (120 минути) и многу интензивно чистење (150 минути). И навистина ја завршуваат работата – за да не морате вие!
Наш предлог? Ако вашата финансиска состојба дозволува, вложете малку повеќе во функција за самочистење. Подоцна ќе ни бидете благодарни.





