International | Slovenija | Россия | Österreich | Bosna i Hercegovina | Северна Македонија

4 едноставни идеи за малите готвачи

Готвењето со деца може да биде забавна активност која дополнително ќе ве поврзе со нив. Тие сакаат да им помагаат на возрасните и многу се горди на сопствените креации, па бидете подговени да ги опсипете со пофалби. И не заборавајте да им прогледате низ прсти што ќе ја остават кујната неуредна.

Колачи. Ништо не создава позитивна атмосфера како печењето колачи. Замолете го вашиот мал готвач да ви помогне да го помешате брашното, да додадете шеќер или други состојки или во месењето на тестото. Потоа, дозволете им да го изберат обликот на модлите за правење колачиња: срца, ѕвезди или диносауруси? Тежок избор!

Пица. Децата сакаат пица. Започнете со составувањето на листата за купување на потребните состојки и заедно појдете да пазарувате. Дома, пуштете ги децата да го замесат тестото и да го полеат со сос од домати и сирење. Вашите мали готвачи ќе се гордеат кога резултатот од нивната работа ќе се послужи во средината на трпезариската маса.

Смути. Ако вашите деца имаат тешкотии да станат од креветот наутро, а сакаат да помагаат во кујната, подготовката на смути може да биде вистинската работа. Ставете ги сите состојки на работната површина во кујната. Потоа, оставете ги децата да ги стават состојките во блендер и да ги блендираат додека не се изедначат. Тие ќе бидат будни за кратко време!

Марула и други состојки за салата. Иако можеби повеќе сакаат да преминат на сладоледот отколку да ја вкусат салатата, многу деца сакаат да го мијат зеленчукот. Поттикнете ги да ви помогнат да ги искинете листовите од зелената салата на помали парчиња и да ги измиете. За најхрабрите, дајте им ги кујнските ножеви и научете ги како да ги сечкаат овие вкусни зеленчуци.

Сподели:

Можеби би сакале да прочитате